Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2024 година.
На манифестацијата ќе се изберат:
- најдобар спортист за 2024 година;
- најдобар млад надежен спортист ;
- најдобра спортска екипа;
- најдобар спортски тренер;
- најдобар спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 20 јануари 2025 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.Телефони за контакт: 033 274 001 / 072 275 610
Општина Кочани
Одделение за јавни дејности


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево