Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците.
Настанот за МИА го потврди командирот на Шумската полиција во Струмица, Тимо Лачев. Инцидентот се случил на месноста Палазлија, на патот Струмица-Берово, кога шумските полицајци се обиделе да запрат дрвокрадци.
Во акцијата учествувале шумски полицајци од Струмица и Берово, а на местото на инцидентот припадници на МВР вршат увид.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг