БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повторно црн билтен за семејно насилство на МВР

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Лишени од слобода две лица за семејно насилство, вкупно четири пријави во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово во последното деноноќие

На 27.03.2026 во 20:55 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода И.С.(48) од Крива Паланка затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга, синот и снаата.

На 27.03.2026 година полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј. од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 35 годишна сестра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 27.03.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 21-годишник од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот брат Б.С..

На 27.03.2026 во 23:30 часот во СВР Тетово, 30-годишна жена од Тетово пријавила дека С.К.(30) од Скопје, со кого претходно била во вонбрачна заедница, во текот на февруари и март 2026 година во повеќе наврати ја следел и ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а околу 23:15 часот бил забележан во близина на нејзиното работно место во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace