Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум возеле без возачка дозвола, од кои еден е повикан на службен разговор во Свети Николе. Додека, останатите шест се лишени од слобода во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и двајца во Кичево. Четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен управувале возило под дејство на алкохол. Додека, двајца возачи во Скопје и Струга управувале возило со забрана за управување на патничко возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност
Приведена 28 годишна жителка на Крива Паланка поради спречување на вработени во АХВ при заловување на крупен добиток