БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прашуваат “Кој е следен”? -Па, Франкенштајн!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

„Имам љубов во мене каква што едвај можеш да замислиш и гнев на кој не би поверувал. Ако не можам да го задоволам првото ќе се препуштам на второто”

-Франкенштајн, Мери Шели

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Прашуваат “Кој е следен”?

-Па, Франкенштајн!

Дозволете ми да објаснам.

Семејството Кулакови од Неготино во своите апели кои извираат од тагата за нивната најмила Фросина на најбрутален начин ја чувствуваат болката за својата загуба. Не може ниту еден недоквакан “уличар” со хистерични скандирања да ја залечи таа рана на изгор на нивните души и срца. Кога ги земаа тенџерињата и дрвените лажици за да креваат галама на местото на загинувањето на младата Фросина веќе се беше јасно.

Сликите и случувањата беа гнасни, се појавија сенките од минатото.

Таткото на Фросина, Тодор за таквите ќе рече “политички глодари, политички некрофили” кои го пробиле дното.

Како одговорни граѓани на оваа наша татковина Македонија должни сме да сватиме дека Тодор Кулаков не сака нивната тага за нивната загуба да биде искористена од такви поединци кои за политичка цел да го искористат ликот на нивниот ангел кој што прерано замина на небото. И тука овој зацрнет родител не мисли на врсниците на Фросина кои сочувствуваат со болката на семејството за нивната загуба на еден искрен и најчовечки начин.

Нашата одговорност како граѓани кои веќе имаат видено злоупотреба на смртта на младиот Мартин Нешковски, малечката Тамара, смртта на младите деца кај Смилковско езеро…. за остварување на политички цели е дотолку поголема што не смееме да останеме имуни на обидите за злоупотреба на трагедии за најмизерна политичка промоција на поединци кои како извитоперени монструми скокаат на се што личи на камера за да се профилираат како водачи, лидери, револуционери само со една цел: личен профит и моќ во политичкиот дискурс на државата.

Секој еден одговорен и чесен Македонски граѓанин нив ќе ги види и лесно препознае по вртењето со очите, гледајки во недефинирани соговорници, трлањето на рацете и говорот на тело. Нивната хистерија е нивен белег за препознавање, нивното хулиганство (како она со тенџерињата) е нивна состојба на умот.

Македонската тага е тивка, со молк, со себесмирување, со духовно поврзување со душите на нашите ангели кои прерано заминаа во бесмртноста. На тој начин преку создавање на таа духовна врска преку негување на споменот на прерано упоккоените души Македонскиот народ се соединува со Бога во чие што Царство сите ќе појдеме.

Тагата на Македонскиот народ никогаш не била сретство за политичка борба.

Но, вакви однародени ликови со нивниот обиди за себепромоција и политичка артикулација во интерес на анти- македонски центри на најбрутален начин газат по Македонскиот идентитет чиј што нераскинлив дел е и начинот на тагување и негување на споменот на нашите упокоени блиски.

Барајки камера преку која сакаат да допрат до другите, на нивните појави во група на разжалостени луеѓе, сакаат да создадат од сопствените ликови идоли кои предизвикуваат промени во системот. Па треба како одговорни и критички ориентирани граѓани да се запрашаме кон какви промени ќе одведат овакви ликови кои што ниту имаат знаење, ниту поседуваат искуство, ниту имаат некаква визија кон што таквите промени треба да доведат.

Редењето од ден во ден разно-разни барања на хаотичен начин кај народот предизвикуваат забуна и хаос, а во хаосот се изродуваат мали Франкенштајни кои во никј случај нема да доведат до ништо добро во државата.

Впрочем трагедијата во Кочани, смртта на младата Фросина, се само врвови на острилото кое успеа да пресече дел од нашето битие. Овие трагедии се резултат на еден минат систем кој што го создадоа слични вакви Франкенштајн-креатури со слична ваква хистерија, нереди, насилство, палења, хаос во минатото, по што дојде најлошиот криминален и профитерски шлајм на државни позиции кои овозможија дораспад на системот резултирајки во оваа реалност во која денес сите ние приживуваме.

Сестрата на младата Фросина, Росица многу автохтоно и зрело ги нарекува СЕНКИ. Сенките во Македонскиот фолклор асоцираат на нешто затскриено, тајно, кое е тука со одредана агенда, за да се залепи на темната страна на светлината.

Младата Росица можеби и несвесно но водена од тагата за најзината прерано угината сестра на вистински начин ги карактеризира овие ликови.

Јас можеби по грешка ваквите појави на ликови ги нарекувам Франкенштајн- креатури, затоа што Франкенштајн не е автентична Македонска вредност туку плод на имагинацијата на еден студен менталитет во светската литература.

Затоа Македонија останува на младите како Росица, која знае за загуба, но е свесна и за сопствената улога во разоткривање на сенките кои можат да изродат најнепосакуван Франкенштајн во Македонската стварност.

Дали како народ ќе дозволиме да бидеме водени од сенки- куклари чии што невидливи конци се се повеќе видливи за нас како публика во овој театар на гротеската во кој сакаат да натераат цел едена ожалостен народ?

Креирано од:


Пренеси го гласот