Пратеничката Соња Михајловска од СДСМ од Делчево на социјалните мрежи сподели свој коментар со кој како и Зоран Заев на времето агитира за “Европска Македонија”.
“Сега не е време за тактизирање и чекање некој друг да одлучи за нашата иднина. Сега е време да потврдиме дека сакаме да одиме напред! Време е да се обединиме – да покажеме дека сме за Европска Македонија!”
-напиша на фејсбук пратеничката на СДСМ од Делчево.
На ваквата објава на фејсбук поголем број на граѓани искоментираа со свои ставови, мислења и прашања:
-“Иднина за некого 78посто покачени плати од уставен суд за некој на ова невидена скапотоја и едвај преживува министерката ги потценува и им се заканува ако добијат по 3500 ден линеарно фондот ќе крахира и ќе нема пензији брука а колку за потсетување па нашите млади отидоа да им работат на нив”,
-“veke 33 godini se vikame vremee no ne za eu tuku za kradenje megusebni amnestiranja od golem patriotizam ja napravifte makedonija naj siromasna drzava so najvise milioneri so parite sto gi ispokradofte amnestirajki se megusebe so golemiot vodac na kriminalot sto sami ke se ispotepate koj prv da mu sedne vu skutot i dodeka ali si igra ritnisapka so makedonskite partii vie doprva ke stvarate patriotizam na narodot sto se iseluva begajki od kriminalnite partii koi ja zarobija drzavata”
-“Каков притисок се прави врз народо у ваа држава само да се изгласа, тоа шо си ја продаваме државата, јазикот, идентитетот, ако. Каков народ живее тука. Пола албанци, пола бугари, како не ве срам. Кој знае шо е обеќано шо волкави притисок. Ајде ставите на гласање па ќе видиме, што толку одолговлекувате, за притисок да вршите и преку народо. За шо ќе оде Ковачевски да се сретне со фонџерлајн, знае се, ќе го плашат ВМРО, ќе траат пратеници да купат. Ако попуштат и се продадат лошое е за ВМРО ќе изгуби ат доста гласачи”
-“Никогаш нема да биде време за прекројувањето на уставот..и никогаш..дури и во најлошиот сон под бугарски диктат..Само кога ќе ми текне кога го брусевте шеснаесет- кракото сонце на шахтите..срам ме фаќа..Како не ви е срам бре..некадарници..??? Како не се засрамите???”
-напишаа дел од граѓаните на објавата на пратеничката Соња Михајловска на фејсбук.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани