Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска беше на лице место на локацијата каде што започна изградбата и уредувањето на нова уредена јавна површина чија што намена ќе биде парк за миленици.
“Штип оваа есен ќе добие парк за миленици.
Денес започна изградбата на паркот за миленици, една од ветените содржини на пешачко-велосипедската патека кај реката Брегалница.
Проектот е поддржан од „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, како заеднички проект меѓу Општина Штип, ЗРР ЛАГ Плачковица, Здружение за заштита на животни ,, СПАСИ ЖИВОТ ” и приватниот сектор.”
информираше денес за јавноста штипскиот градоначалник.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“