БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратеникот Илија Димовски и уште 15 пратеници на опозицијата биле уценувани од СЈО

Пренеси го гласот

Во вечерашнава ТВ дебата во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 меѓу пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Мухамед Зекири од СДСМ беа изнесени серија на сериозни сведочења од страна на пратеникот на опозицијата кои засегаат во доменот на работата на СЈО.

Цело време бевме осудувани за тоа што го зборувавме за СЈО, до пред два месеци, кога се излезе на виделина. Ајде да почекаме, да видиме, може уште нешто ќе излезе, да не се доведеме во ситуација во која со Мухамед Зекири ќе зборуваме за цела влада како што зборуваме сега за СЈО, ајде полека,

-изјави во вечерашната дебата на 24 вести пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

На тоа потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири и пратеник во Собранието одговори со неговиот добро препознатлив стил:

-Кога ќе се најде заедничко решение, тогаш ќе имаме договор за новото Јавно обвинителство. Преговорите се уште не се завршени, целта е постигнување на договор во интерес на правдата. ВМРО-ДПМНЕ бара обвинител кој ќе ги амнестира криминалците и криминалите на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што е целосно неприфатливо,

По што Илија Димовски возврати, за да продолжи разговорот со спорадични нервозни упаѓања во збор од страна на Зекири:

Кои истраги, оние кои ги користевте за уцени на политичари?

-праша Димовски.

Кого сме уценувале?

-возврати Зекири.

Мене..мене лично. 15 пратеници од ВМРО се предмет на уцена.

-одговори Илија.

Не се предмет на уцена, се предмет на истрага,

-изјави Зекири.

Со директна уцена,

-одговори Димовски.

– Излезете кажете кој и за што ве уценуват,

-посочи Зекири.

– Полека…има време,

-одговори Димовски.

На ова водителката Душица Мрѓа праша:

Дали сте ги уценувале пратениците од опозицијата преку предмети во СЈО?

– Апсолутно не,

-рече Зекири.

Најмалку 15,

-посочи Димовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот