На денешниот протест на лозарите од Тиквешијата беше забележливо присуството на униформирано лице кое го снимаше со видео камера самиот протест, луѓето кои протестираа и целата околина на протестот.
Колку е тоа демократска придобивка за оние кои своето незадоволство кон актуелните политики на власта ги искажуваат преку своето уставно загарантирано право, оставаме на јавноста да се запраша и да си го одговори тоа прашање.
Ова што им се случува на лозарите, може да се случи на секој граѓанин, чија што егзистенција е загрозена поради лошите прилики во определениот сектор.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!