БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пандов: Мафијашите секогаш имаат огромен интерес токму тие да бидат ликовите кои ќе го прават изборот на обвинители и судии

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Мафијашите кои се занимаваат со организиран криминал и корупција секогаш имаат огромен интерес токму тие да бидат ликовите кои ќе го прават изборот на обвинители и судии. Причината за тоа е многу едноставна, ако бидат откриени нивниот апашлук, од нив избраните обвинители да не покренуваат обвиненија или истите да ги равлекуваат и разводенуваат, а подоцна судиите да не ги осудуваат.

Одличен пример за ова е поранешното СЈО. Се изнапика мој до моега, почнувајќи од специјалната, која да ве потсетам со татко судија, студирала 7 години и завршила со просек 6,24, преку деца, братучеди, внуци, жени и швалерки, до партиски потрчковци и бивши затвореници како Боки Бургија. На сето тоа си делеле плати по ,,потреба”. Таков е критериумот и пристапот на мафијата!

Деновиве со европско знаменце, а во организација на Драги ЛЕОНАРДО Рашковски, лик против кого е покренато обвинение за местење тендери, а е генерален секретар во Влада и десна рака на Зоран Заев, со кастинг еднаков на тој во СЈО, каде родовата и партиската припадност беа единствен клуч за вработување, тргнато е по истиот принцип да се вработат нови обвинители и судии. Единствената разлика сега е што наместо притворената Катица да го носи списокот на оверување кај Заев, овој пат тоа да го прави обвинетиот Рашковски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Конечно деновиве по медиумите врти список со мал дел од вработените во СЈО во кој се гледа дека двајца од поистакнатите заменици на Катица, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и си вработиле по двајца први братучеди/ки, а тврдам дека кога ќе се појави и останатиот список на вработени во СЈО, двјацава имаат уште по некој свој! Јовевски како нивни со ова нема проблем, а двајцава како гледам уште помалку имаат намера да поднесат одговорност.

Па да прашам ќе има ли некаква санкција према нив?

Меџународна што вика, вака ли ќе одиме во ЕУ?
#НемаПравдаНемаМир

Став на Александар Пандов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace