БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: УСЛОВЕНА НЕУСЛОВЕНОСТ

Пренеси го гласот

После Грција, Република Бугарија почна да го условува влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Во тој поглед, најистакнати бугарски политичари се Бојко Борисов, Красимир Каракачанов и, во поново време, претседателот на Бугарија Румен Радев, некогашен воен пилот во армијата на Тодор Живков.

Според него, Македонија ќе добиела (sic!) безусловна подршка за влез во евроатлантските структури, ако претходно исполни (sic!) неколку услови, поврзани со историјата. Тоа му доаѓа како безусловена условеност или условена безусловност.

Така, сега Македонија е условувана и од Бугарија, како резултат на мудрата, паметна, кооперативна и добрососедска политика на македонските власти – нормално, кога би се шегувале. И, само така, Македонија ќе се оди напред со помош на котвата.

Креирано од:


Пренеси го гласот