Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот. Бидејќи не успеал навреме да запре, осомничениот со автомобилот удрил во телото на пешакот и му нанел тешки телесни повреди од кои тој починал.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието