Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Предновогодишен собир на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево- говор на Иван Гоцевски и Рашела Мизрахи пред присутните делчевчани

Пренеси го гласот

Во сабота 24.12.2022 година во просториите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево се одржа предновогодишен собир на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред присутните со свое говор се обратија Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски како и пратеничката и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Рашела Мизрахи.

Во својот поздравен говор пред присутните граѓани Претседателот Иван Гоцевски посвети најголемо внимание на потребата од обединување на сите прогресивни сили во Делчево за конечно соборување на СДС од власт во Делчево.

Тој пред целокупната јавност за новата 2023 година посака што е можно побрзо да се случат предвремени парламентарни избори за доброто на Делчево и Македонија.

“За мене како претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево секој еден член е важен. За секој еден член ќе биде посветено внимание толку колку што нему му е потребно. Да застанеме со него заедно, да разговараме, да помогнеме Општинскиот Комитет да се идигне на прави нозе.”

-соопшти претседателот Гоцевски пред присутните на настанот.

Целото обраќање на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево може да го погледнете во продолжение:

Пред присутните граѓани во просториите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и пратеничката Рашела Мизрахи, која што е еден од најголемите борци во собранието за еднаквост и социјална правда за сите граѓани на Македонија.

Ниту Скопје, ниту Битола ниту Штип ниту Македонска Каменица ниту Пехчево не се различни од овој град. Што може еден лик на политичката сцена да говори пред народ кој што живее во ове градови? Ова се градови кои што се темни околу 8 часот навечер, бидејки нашите млади си заминуваат се помасовно и во поголем број. Нашите деца шепотад за иднината надвор и тоа е голема вистина. Што може да се зборува пред народот во ваква економска криза?

-запраша пратеничката Мизрахи од Делчево.

“Тешко е да се зборува пред народот кога се имаа многу малку да се вети, освен да им се каже реалноста. Ќе биде тешко ама државотворната ВМРО-ДПМНЕ и Македонскиот народ се вечни и ќе преживееме и ќе го надминеме ова. Ќе градиме од почеток и од нула, ама ќе бидеме свои на своето!”

-потенцираше Рашела Мизрахи пред присутните членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.

Таа категорично соопшти дека уставни измени по мерка на нашиот источен сосет ќе нема за што се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото обрќање на пратеничката и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи погледнете го во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com