На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Општина Делчево беше избран Иван Гоцевски- актуелен претседател на општинскиот комитет на партијата.
Под водството на Иван Гоцевски минатата година на Парламентарните избори Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја извојува историски најголемата победа од позиција на опозиција во Делчево, што е своевиден голем успех за неговите менаџерски способности заедно со неговиот тим кој што успеа да наметне позитивен победнички дух помеѓу членството на партијата и помеѓу сите граѓани, после исцрпувачкото владеење на СДСМ во Делчево.
Покрај овој историски успех на партијата на локално ниво Иван Гоцевски во изминатите 3 години од неговото претседателствување со ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево стана препознатлив по суштинските дискусии и неприкосновена борба во Советот на Општина Делчево како координатор на советничката група, во интерес на сите граѓани на општината. Барањата, иницијативите, аргументираните ставови и желбата да се даде конструктивен придонес во работата на локалните институции иако под раководство на градоначалник од редовите на СДСМ, зборува многу за капацитетот и визионерството на Иван Гоцевски за тоа каде треба и на каков начин може да се развива Делчево.
Посветената секојдневна борба за доброто на сите граѓани на Делчево на Иван Гоцевски допринесе во огромна мера во последните месеци да бидат обезбедени над 40 милиони денари директна финансиска поддршка за општина Делчево од Буџетот на Владата предводена од Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски која не ги дели општините по партиска припадност, туку подеднакво на сите се залага да им помогне во нивниот развој , за подобар живот за граѓаните. Ваквата финансиска инекција за општина Делчево обезбедена од владата предводена од Премиерот Мицкоски ќе значи многу за развојот на општината, а според најавите ова е само првото скалило на интензивна финансиска поддршка и развој на локалната заедница во Делчево, после кое ќе следуваат уште посилни развојни политики за кои е потребна соработка со локалната власт и идниот градоначалник на Делчево.
По иницијатива на Иван Гоцевски во изминатите години беше воскресната идејата за заживување на особено важната манифестација Гоцеви Денови, устоличување на одбележувањето на годишнината од кревањето на Разловечкото востание на највисоко државно ниво, беа спроведени серија на афирмативни кампањи од значење на општина Делчево од кои најзначајната “Го Сакам Делчево”, допрва ќе го доживее својот процут. Секогаш поборник за истакнување на вистинските вредности кои произлегуваат од традициите на локалното население на Пијанецот, Иван Гоцевски е млад човек кој со целосна важност ги разбира потребите на младите луѓе во општина Делчево.
Соработката со локалните стопанственици е огромна предност на Иван Гоцевски кој што потекнува изворно од приватниот сектор и точно ги има идентификувано сите предизвици на локалната економија, што е основен предуслов за да можат овие состојби да се подобруваат.
Иван Гоцевски е силен поборник за интензивна регионална соработка помеѓу општините во регионот, што како потенцијал може да донесе огромна додадена вредност за развојот на Македонија во наредниот период.
Во изминатите години како застапник на интересите на сите граѓани на Делечво, јавноста можеше да го види Иван Гоцевски во решавање на проблемите на граѓаните во сите населени места, а особено во кризните периоди во кои Делчево беше соочено со катастрофалните поплави и пожари, за чии што последици актуелната локална власт немаше соодветен одговор.
Граѓаните во Делчево веројатно се уште ги паметат прес конференциите на Иван Гоцевски на лице место од градската депонија каде голем број пати реагираше до надлежните институции за решавање на овој горлив децениски проблем за делчевчани.
Иван Гоцевски е сопруг и татко на две дечиња, кој потекнува од семејство во кое успесите секогаш биле на пиадестал.
По повод објавувањето на кандидатурата за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски упати своја порака во јавноста преку социјалните мрежи, чиј што текст интегрално го пренесуваме:
“Во животот има периоди кога сме исправени пред огромна историска улога пред лицето на историјата на нашиот Македонски народ.
Ова е еден таков момент за мене-лично, за моето семејство, за моите сопартијци, за моите пријатели и за мојот тим на врвни професионалци, луѓе кои се значајни во секоја сфера од нашето заедничко живеење во Делчево.
Почитувани пријатели, драги мои делчевчани,
По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Христијан Мицкоски и со ОДЛУКА на Извршниот Комитет на најмоќната политичка сила во Македонија, ми е доверена огромна чест и одговорност да бидам кандидат за Градоначалник на Општина Делчево на претстојните Локални избори од нашиот Општински Комитет.
Верувам дека оваа ОДЛУКА не е донесена преку ноќ и е резултат на темелна анализа во изминатите неколку месеци.
Сериозноста на времето пред кое стоиме сите ние заедно исправени за иднината на нашето Делчево, ми дава за право да Ве повикам да се обединиме под знамето на напредокот, севкупниот развој и достоинствен живот во нашата општина.
Сигурен сум дека Делчево ќе победи само кога гласот на секој еден жител на Делчево ќе биде слушнат а потребите на секој поединец ќе бидат личен мој мотив за совладување на сите предизвици со кои ќе се соочиме во наредните 4 години.
Со заедништво, разбирање, многу труд и посветена работа сигурен сум дека ќе донесеме нови победи и успеси за нашето Делчево и за секој еден граѓанин на моето Делчево.
Претстојат месеци на опоравување на Делчево, по што многу бргу ќе бидеме сведоци на историски успеси за нашето Делчево и за секое рурално населено место во општината. Делчево ќе се менува на многу подобро.
СО ЧЕСТ, СО СРЦЕ, СО ДЕЛО – ДОСТОИНСТВЕНО ЗА ДЕЛЧЕВО како наш заеднички просперитетен дом во годините што следуваат.
Нека е вечно нашето Делчево, Бог да ја благослови Македонија.
-напиша кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори кои ќе се одржат кон крајот на годинава.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Петар Ружински за Берово: Првиот впечаток за нашиот дом е најважен!
Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево
Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!