Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со дел од вработените во Еурокомпозит- фирма која Зоран Заев ветуваше дека ќе и’ го реши проблемот во кој што се наоѓа во своето работење.
Мицкоски ги сослуша проблемите на овие луѓе во кои се втурнати од Зоран Заев со неговите лаги и измами во минатиот период, и се заложи за макотрпна работа на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со што ваквите проблеми ќе станат минато.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата упатена до јавност на Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ во врска со оваа средба:
“Имав средба со вработените од Еурокомпозит. Ќе потсетам дека едно од првите ветувања на Зоран Заев и неговиот економски цунами тим пред три години беше дека ќе најде решение за овие луѓе кои не земаат плата. Три години потоа овие луѓе сведочат за лажните ветувања на Заев и ова е случај каде единствено блескаат лажните ветувања.
Реалноста говори дека не се платени придонеси од околу 2 милиони евра, и плати од 1 милион евра. Вкупниот долг по разни основи на Еурокомпозит е 5 милиони евра. Над 150 луѓе отидоа како технолошки вишок, а над 60 се преостанати кои не земаат плата. Ова е болната и грдата реалност на Зоран Заев и власта во заминување. Јас нема да ветувам чуда, нема да ветувам магични решенија со кои преку ноќ ќе им ги решам проблемите. Туку на овие луѓе можам да им ветам напорна работа на идната Влада и дека една од првите работи со која ќе се зафатам ќе биде како да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош. Еурокомпозит е голем срам на владата во заминување. “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа