БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Мицкоски од Штип ги афирмираше сите проекти кои се реализираат од страна на градоначалниците на Штип и Карбинци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во теренска посета на Штип и Карбинци денеска е Претседателот на Владата Христијан Мицкоски каде што детално се информира текот на реализацијата на едни од најважните проекти кои што граѓаните на овие општини ги добиваат со директна поддршка од страна на Владата.

“Денеска ја посетив Општина Штип, каде извршив увид во неколку значајни инфраструктурни проекти.

 Изградбата на градската магистрална улица (прва фаза), на трасата од населба Железничка до месноста Рибник, е проект вреден 141.000.000 денари. Од нив, 120.000.000 денари се обезбедени од Владата, а 21.000.000 денари од Општина Штип. Работите се во втората фаза од изведбата и се очекува завршување до септември.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 Булеварот Партизанска се реконструира со средства од буџетот на Општина Штип во износ од 130.000.000 денари.

Потоа ја посетив и Општина Карбинци, каде извршив увид во градежни активности за асфалтирање на сервисна улица 5 во село Таринци. Проектот се реализира со 9.2 милиони денари од унгарски кредит, а остатокот е кофинансирање од самата општина.

Владата останува посветена на рамномерен развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните низ сите региони.”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски од теренската посета на Штип.

Целата изјава на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов, Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Министерот за транспорт Александар Николоски и премиерот Мицкоски ја пренесуваме во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace