БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Препорачуваме пет начини за подготовка на вашето тело за летото

Пренеси го гласот

Летото е во полн ек. Временските услови кај нас можеби не дозволуваат откривање на поголеми делови од телото, но сепак сонцето во поедини денови не предизвикува да се соблечеме на облека со минимум ткаенина.

Разголувањето на телото секако е условено и од неговата форма и пропорции, но и од естетските погледи на поединецот.

Затоа предлагаме 5 начини за постигање на посакуваниот ефект на вашето тело на плажа.

Почнете со танцување

И тоа веднаш! Одберете стил на танци и впуштете се максимално. Временски тоа мора да биде минимум двапати неделно повеќе месеци, со што вашето тело ќе добие форма која ќе плени на плажата.

Со танцувањето ќе се чувствувате витално, ќе ви се подобри здравјето и кондицијата ќе ви се подобри метаболизмот и ќе ги редуцирате нивоата на стрес. Ако сакате губитокот на килажа да биде поголем пробајте балет или алтернативни танци. Со една сесија танц ќе согорите повеќе од 600 калории.

Појдете на шопинг

Иако звучи лесно и лудо сепак со шопингот може да загубите калории. Ова не очекуваме да го разберат дел од мажите но затоа знаеме дека сите жени без исклучок ќе се согласат со оваа наша предлог мерка. Дури и регуларно пазарење во маркет може да ви помогне да согорите повеќе од 500 калории. Тоа е како да сте поминале еден час на неподвижен велосипед.

Јадете сочна храна и овошје

Како се вжештуваат деновите, треба да преминете на диететски режим на исхрана кој е специфичен и подразбира внесување на сочни овошја во организмот. Дињи, лубеници, и останати сочни плодови се феноменални при надворешни високи температури и природно вашето тело ќе го сочуваат хидратисано на потребното ниво. Ваквите овошја исто така се богати со витамини така што ефектот е повеќекратен и за телото и за самото здравје.

Почесто чистете низ куќи

Чистењето низ дома за некого можеби не е омилено поминато време, но дефинитивно треба да почнете да го практикувате почесто во периодот пред летото. Да чистењето низ куќе може да ве направи по витки. Половина час работа низ дома може да замени 15-тина минути правење стомачни склекови. Со тоа “убивате” две муви.

Пејте и зло не мислете.

Пеење наместо склекови?

Да! Тоа е реалност во која секој сака да живее. Вистината е во тоа што пеењето инкорпорира во телото огромна лепеза на мускули и може да стане сериозна вежба ако го правите тоа соодветно. Еден час пеење може да замени 15 минути склекови. Затоа препуштете се на пеачката во вас, па може да се пронајдете потоа и во шоу бизнисот.

Креирано од:


Пренеси го гласот