Денеска (01.05.2025) во 00.10 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, при контрола на патничко возило „голф“, управувано од Ф.К.(20) од с.Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис. Сопатникот К.В. (22) од с.Драмче, делчевско, самиот на полициските службеници им предал паковка со зелена растителна материја, по што е приведен. Во 09.30 часот, по добиена судска наредба за претрес на дом и помошни простории на Ф.К., извршен е претрес во објекти на две локации во с. Звегор, при што е пронајдена кафеава материја и дробилка. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Претрес во делчевско, пронајдена дрога

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи