На традиционалната семакедонска средба на Македонската дијаспора која секоја година се одржува во битолското село Трново, годинава на присутните се обратија и претставници на ВМРО-ДПМНЕ.
Од името на партијата свој говор на сцената имаше Ѓорѓија Сајкоски од Кичево.
Во продолжение го пренесуваме неговото ображање во целост:
Денеска во Трново заедно со поранешниот пратеник Трајче Димков, пратеничката Лидија Петкоска, совениците на општина Битола во име на ВМРО -ДПМНЕ го честитавме Илинден. На Семакедонска средба Трново 2020 сакам да ве поздравам и да ви честитам на истрајноста во организирање на овие средби, сакам да ги поздравам Матицата на иселениците од Македонија, Здружението наМакедонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот наМакедонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.Морам да истакнам дека Особена чест и задоволство ми претставува што можам на Илинден да се обратам од Трново.На празникот кој не обединува сите и ние кои живееме тука ивие кои работите и живеете во странство а со мислите сте во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која неуморно се бори од осамостојувањето до денес иселениците да ги доближи до својата матична држава да им подаде рака и да ги направи нејзин нераскинлив дел.Силната врска помеѓу ВМРО и нашинците на секаде низ светотна овој ден тука најдобро се чувствува.Сакаме на сите иселеници да им порачаме дека како партија работиме трајно да ја смениме политиката во Македонија да вратиме дел од иселениците но и да го намалиме и спречиме заминувањето од земјата. Ние јасно кажуваме дека не треба да ги забораваме и македонците во соседството туку да бидеме во постојана инераскинлива врска.Денеска, на овој Илинден ни е потребна силата, храброста ипромислата која ја имале нашите претци пред 117 години, когане грижејќи се дали ќе загинат или не, тргнале во битка заМакедонија! Ние имаме задача да ја водиме Битката за подобра иднина! ВМРО има капацитети знае и умее.Работиме силно да јаизнесеме државата на вистинскиот пат. Бидејќи тие битки сме ги биеле, ќе ги биеме пак и ќе ги победиме.ВМРО има план и стратегија да ја промовира Македонија намеѓународен план но и да води грижа за македонците восветот.. Нашата Битка нема да биде лесна, но ние сме подготвени да се бориме! Но бараме и од вас поддршка на тој пат и за таа наша битка за градење на модерна високо развиена земја.
За многу години да го славиме Илинден!
Да е вечна Македонија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината