Денеска (13.03.) полициски службеници од ПС ОН Берово во Основното општинско училиште „Дедо Иљо Малешевски“ реализираа превентивна активност на тема: „Безбедноста на најмалите во сообраќајот“. Притоа, на учениците од четврто одделение им беа објаснети основните сообраќајни правила и прописи при поминување на улица и за значењето на сообраќајните знаци и светлосни уреди. Воедно, на децата им беа поделени и едукативни материјали, изработени во соработка со РСБСП.
И полициски службеници од ОВР Делчево и од ПО за БПС Делчево денеска на повеќе локации во Делчево реализираа превентивна активност во рамките на кампањата под мотото – „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол“. Истовремено, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПО за БПС Свети Николе реализираа превентивна едукативна активност во насока на афирмација на полициското работење и позитивната улога на полицијата во општеството. Во проектната активност беа опфатени децата од петто одделение од ООУ „Кирил и Методиј“, на кои што на тема сообраќај во просториите на училиштето им беше одржано едукативно предавање.
Инаку, на подрачјето на ОВР Свети Николе и завчера (11.03.) беше реализирана превентивно едукативна активност со ученици од петто одделение од ООУ „Кирил и Методиј” околу сообраќајната безбедност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните