БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Градиме професионална, обучена полиција, која ќе го привлекува најдобриот човечки потенцијал, најдобрите кандидати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР, градиме професионална, обучена полиција, која ќе го привлекува најдобриот човечки потенцијал, најдобрите кандидати.

Денеска во Центарот за Обука на МВР во Идризово во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицковски, свечено беше предадена меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР. Акредитацијата од страна на Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) свечено ја предаде американскиот амбасадор во Македонија, Ангела Агелер.

Ова е уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука, кој му е неопходен на Министерството во своето успешно функционирање, за сите негови полициски служби и организациски единици.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целосно сме свесни дека стручната и професионална едукација и надградбата се основните столбови на квалитетното функционирање на една институција и оттаму уште со доаѓање на ова раководство на Министерството развојот на Центарот во сите сегменти го поставивме како врвен приоритет.

Врвното образование, обуките и професионалноста во пристапот очекуваме да ги привлекуваат најдобрите кандидати кои ќе ја продолжат својата кариера во полицијата и Министерството и ќе го даваат својот придонес во создавање на успешно, модерно и функционално општество и држава преку борба и спречување на сите видови криминал кои директно ја нарушуваат благосостојбата на граѓаните и општеството.

-фејсбук коментар на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по повод денешниот настан за одбележување на меѓународната сертификација на тренинг центарот на МВР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace