БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прифатена апликацијата на тужбата на поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски во судот за човекови права во Стразбур

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Допрва ќе се размотува Гордиевиот јазол со судството со 8% рејтинг во државата и тоа на повеќе нивоа во судско-обвинителскиот систем.

Случајот “Поштенска Банка” кој што правосудните органи во Македонија го водат против поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски влезе во ходниците на судот за човекови права во Стразбур.

Прифатена е апликацијата на тужбата на Димитровски поднесена преку неговиот правен застапник адвокатот Петро Јанура во судот во Стразбур, откако беа обиени приговорите на поранешниот градоначалник поднесени до македонските правосудни органи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во изјава пренесена преку порталот ПЛУСИНФО Димитровски вели дека неговите човекови права за фер судење се прекршени уште на почетокот од постапката во Македонија со поднесување на обвинителниот акт.

– Апликацијата е поднесена во врска со поднесениот обвинителен акт, кој беше крајно неоснован. Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без постоење на законски основи. Откако обвинителниот акт беше потврден од судот, односно моите приговори беа одбиени, беше поднесена апликација до Судот до Стразбур. Со оглед на фактот што предметот од самиот почеток го следат контроверзи, а повредата на моите права е очигледна, очекуваме позитивна завршница – вели Димитровски во изјавата пренесена преку порталот ПЛУСИНФО.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace