Продолжува посветената работа на Јавното Претпријатие “Камена Река” во функција на обезбедување на подобри услови за живот на сите жители на општината.
Во текот на денешниот ден екипи на јавното претпријатие работеа на поставување на нова водоводна линија во должина од 800 метри за потребите за водоснабдување на жителите на селата Тодоровци и Луковица. Со тоа жителите на овие две села ќе ги немаат проблемите кои ги имаа до сега со малиот притисок во водоводната мрежа во нивните домаќинства а и значително ќе се подобри квалитетот на водата.
“За потребите на домаќинствата од село Луковица и дел од село Тодоровци, извршивме замена на старата и дотраена подземна водоводна инсталација во должина од 800 метри.
Со обновената инсталација, се овозможува зголемување на водениот потенцијал и подобар квалитет на водата за пиење во овие рурални средини од нашата општина.”
-информираат во јавност од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата