Подготвен, сигурен и безбеден, Прилеп ги одбројува последните часови пред почетокот на „Пивофест 2018“.
„Ние сме спремни и настанот можеме да го отвориме. Испраќаме апел до сите граѓани од нашата држава и пошироко, дека Прилеп е отворен за цел Балкан. Од денеска па до недела, претстојат 4 денови на одлична забава. Се надеваме дека се’ ќе помине според планираното и дека заедно ќе изградиме уште една убава приказна за овој град“,
изјави организаторот на Пиво Фест Дарко Манасијески од „Ентфинити“.
Водителите на „Пивофест 2018“, Јана Серафимова и Ненад Георгиевски, не се сомневаат дека Прилеп и прилепчани повторно ќе докажат дека се одлични домаќини и дека посетителите на фестивалот ќе имаат причини за добро расположение. Време е за екстра забавен викенд, за загарантирано расположение, добра скара и пиво.

Отворањето на „Пивофест 2018“ е во 21 часот, а репертоарот на оваа прва фестивалска вечер се Бени и „Нон Стоп“, Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски со David Lion.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина