Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Прилепскиот театар ви ја подготвувува претставата „Семејни приказни“

Пренеси го гласот

Започнаа подготовките на Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски.

Сценографијата е на Наташа Вчкова, костимите се на Марта Дуфне Јосифовска, а во претставата играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.

Се работи за професионален ангажман во кој ќе се соочиме со игра на четири деца во која постепено се откриваат лични семејни приказни, односот на родителите, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст.

Премиерата се планира во месец јуни. Бидете дел од овој прекрасен проект, кој има длабока суштина.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот