На 16.01.2023 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Т.Р. од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Имено, во 00.40 часот во ОВР Кочани З.Ш.(60) од Кочани пријави дека на 15.01.2023 околу 22.10 часот пред продажен објект во Кочани, Т.Р. со употреба на сила ѝ одзел торба со мобилен телефон, пари и други предмети. Во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани осомничениот е веднаш пронајден, приведен и задржан во просториите на ОВР Кочани. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.
Извор: МВР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Повреден 56 годишен жител од Кочани во сообраќајна несреќа подлегнал на повредите во болницата во Штип
Сообраќајка кај село Тработивиште, делчевско меѓу автомобил и мотоцикл при што пострадал мотоциклистот
Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филм и култура