БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продлабочување на соработката меѓу Делчево и три општини од Италија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес во возвратна посета на општина Делчево се официјални претставници на три општини од Италија со кои што Градоначалникот на општина Делчево започна соработка пред неколку месеци. Станува збор за реализација на поширока агенда за соработка на повеќе полиња со овие општини од Италија кои што имаат огромен интерес за соработка со општина Делчево.

Градоначалникот Гоцевски денеска прими двајца градоначалници од овие општини како и официјални претставници од третата општина кои што се во повеќедневна посета на Делчево во чии што рамки имаат интензивна работна агенда и набиен распоред на активности.

“Денес во мојот кабинет имав особена чест и задоволство да ги пречекам Марко Паларо, градоначалник на Општина Новело, Марко Андријано, градоначалник на Родино, како и делегацијата од Монфорте, предводена од Лука Роси.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посебно ми е драго што нашите пријатели од Италија се денес со нас, токму во деновите кога Делчево живее во духот на Голачките Фолклорни средби.

За мене, овие средби се многу повеќе од неколку денови исполнети со музика, фолклор и традиција. Тие се можност луѓето да се сретнат, да споделат дел од својата култура и да создадат искрени пријателства.

Голема чест ми е што денес можев лично да ги пречекам нашите пријатели од Италија и да им посакам добредојде во Делчево, град кој отсекогаш знаел да ги отвори своите врати и срце за гостите.

Верувам дека ваквите средби се темел за уште посилна соработка и за нови заеднички приказни што допрва ќе ги создаваме.

Добредојдовте во Делчево, драги пријатели.

Овде сте меѓу свои! 🇲🇰🤝🇮🇹

Нека продолжи пријателството што нè поврзува!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со овие тековни активности.

Креирано од:


Пренеси го гласот