Поволните временски услови овозможија продолжување на интензивната градежна офанзива на територијата на општина Виница. Со почетокот на новата работна недела започнаа изведбените работи на терен на нова улица во село Блатец, што претставува вовед во реализација на изградба и реконструкција на повеќе улици во градот Виница и повеќе села во општината.
“Денес во с.Блатец започнаа градежните активности за изградба и реконструкција на улици во Виница и населените места.
Општина Виница склучи Договор за реконструкција на ул. „Ангел Винички“, асфалтирање на дел од ул. „Кирил и Методиј“ во Виница, крпење на ударни дупки во Виница и населените места, асфалтирање на 2 улици во с.Градец и асфалтирање и реконструкција на 2 улици во с.Блатец. Вредност на овој договор е 9.000.000 денари, средствата се обезбедени од буџетот на Општина Виница.
Истовремено изработивме проектно- техничка документација за изградба и реконструкција на ул.„Страшо Пинџур“, ул.„Славчо Стојменски“ и 4 улици во с.Градец и с.Блатец.”
Во тек е изработка на проектно техничка документација и за улиците „Раде Кончар“, „Стив Наумов“, „Климент Охридски“, „4-та Македонска бригада“, „Македонска“, „Иво Лола Рибар“ во Виница, и 7 улици во с.Трсино, с. Лески, с.Липец, с.Јакимово и с.Истибања.”
-информираше градоначалникот на Виница Миле Петков кој што денес беше присутен на лице место во село Блатец за увид на состојбите на терен.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за голема граѓанска акција за пошумување на опожарени површини во делчевско, се очекува присуство на Премиерот
Најава за Јавна расправа како патоказ за затварање на Градската депонија во Кочани
Министерството за транспорт инвестира над 1,2 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа за граѓаните на Штип