БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продолжува асфалтирањето на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска се асфалтира вториот дел од булеварот „Тодосија Паунов“, како дел од активностите за целосно уредување на овој значаен сообраќаен правец.

По поставувањето на атмосферската канализација, поставени се сите предвидени сливници и шахти, а извршено е и испитување на насипот согласно предвидените процедури. По утврдувањето на состојбата и подготвеноста на тампонскиот слој, механизацијата на економскиот оператор „Стоименов“ го асфалтира коловозот на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до СОУ „Гошо Викентиев“. Вкупната должина на потегот што се асфалтира изнесува 1.040 метри.

Во рамките на уредувањето на булеварот, обезбеден е тротоар за безбедно и непречено движење на пешаците, а предвидена е и велосипедска патека, како дел од целокупното сообраќајно уредување на овој простор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По завршувањето на тековните работи ќе следува поставување на вториот слој асфалт, со што овој дел од булеварот ќе го добие својот конечен коловозен слој.

Со завршувањето на оваа делница, наскоро се очекува целосно заокружување на асфалтирањето на патниот правец Кочани – Виница, со подобрени услови и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Креирано од:


Пренеси го гласот