Градежната механизација ангажирана за реконструкција на улицата „14-та Бригада“ деновиве интензивно работи на отстранување на деформираниот и оштетен асфалтен слој и поправка на потпорните ѕидови. Целта е на оваа улица да се постави нов асфалтен слој кој ќе ги санира оштетувањата и ќе овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Се работи за крак од околу 300 метри кој е мошне фреквентен, но и проблематичен, особено во зимскиот период.
На влезот на населба Оризари исто така се гради улица која дирекно ја поврзува со магистралниот пат според највисоки стандарди.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата