Вчерашната конвенција за промоција на кандидатот за градоначалник и листата на советници од СДСМ Штип не помина величенствено како што тие ја прикажуваат и како што очекувале. Повторно, со лажни информации се обидуваат да манипулираат со штипската и пошироката јавност со цел да покажат сила и да го наметнат мислењето дека тие се победничка партија во Штип.
Но, народот сам ја покажува незаинтересираноста кон губитничките политики на СДСМ, па поради тоа вчера СДСМ не успејаа да ја наполнат салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ и покрај присуството на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!