Денес Штип е под полициска окупација информираат штипјани кои се загрижени за зголеменото присуство на полиција, и активностите кои истата ги превзема. Како што дознаваме, полицајците без очигледен повод и причина, а и без правна основа ги претресуваат граѓаните и нивните возила, но и возилата на јавните претпријатија.
Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Штип Илчо Захариев, кој вели дека е вчудоневиден од ваквата дрскост на полицијата, кој со граѓаните постапува како да се најголеми криминалци. Тој додава дека се сомнева дека се работи за вршење на притисок и влевање страв кај граѓаните во пресрет на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на кој се очекува голема поддршка.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта