Денеска 1 јули 2026 година, во Општина Пехчево се одржа средба со засегнати страни во рамките на проектот ADRISKY, во кој Општина Пехчево е партнер.
На работната средба свое излагање имаше експертот за светлосно загадување од Р.Словенија, проф. д-р Милан Светец, кој го презентираше драфт-стратешкиот документ – Територијален акциски план (Territorial Action Plan), изработен во рамките на проектните активности. Присутните имаа можност да се запознаат со предложените мерки и активности за намалување на светлосното загадување, заштита на животната средина и зачувување на биодиверзитетот.
Во дискусијата учествуваа и членовите на проектниот тим, како и градоначалникот на Општина Пехчево, кои ја истакнаа важноста на проектот и придобивките што тој ги носи за локалната заедница.
Сите присутни го изразија своето задоволство што Општина Пехчево е дел од проектот ADRISKY, кој преку меѓународна соработка придонесува кон заштитата на животната средина, намалувањето на светлосното загадување и зачувувањето на природните вредности и биодиверзитетот.
Општина Пехчево и понатаму останува посветена на имплементација на одржливи политики и активности кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и поздрава животна средина за сите граѓани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!