Неодамна во јавноста пренесовме видео приказ за лошата состојба во која се наоѓа новата фонтана “Бесконечност” изградена со пари од општина Делчево и донација на други субјекти, која што е проектирана од страна на проектантската фирма ГП Архитекти на која е сопствеништво на Претседателот на Советот на Општина Делчево.


**Извадоци од Договорот за проектантски услуги меѓу Општина Делчево претставувана од Градоначалникот Горан Трајковски и фирмата ГП Архитекти претставувана од Гоце Попов. Договорот е потпишан речиси 6 месеци пред изборот на Гоце Попов како дел од Советот на општина Делчево.**
Денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево излегоа со своја реакција во јавноста во врска со предметната фонтана:
“Вака НЕОДГОВОРНО СДСМ Делчево се однесува со донациите од наши сограѓани![]()
Само една година и еден месец по пуштањето на фонтаната “Бесконечност” која е донација од општествено одговорни наши сограѓани, поради немарноста на локалните власти кон истата, истата е доведена во загрижувачка состојба![]()
Само една година и еден месец откако целата фела на СДСМ во Делчево, предводена од министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот Горан Трајковски, претседателот на Советот Гоце Попов и пратеничката Соња Михаиловска се испонасликаа со истата, година и еден месец подоцна заборавија на неа![]()
Градоначалникот Горан Трајковски и директорот на ЈКП “Бегалница” Делчево Стојче Стојковски се тие кои неводат грижа за фонтаната насловена како “Бесконечност”, која е реализирано со пари од Буџетот на Општина Делчево како и со донации од наши сограѓани и по проект на Претседателот на Советот на Општина Делчево и неговата проектантска фирма![]()
Вака НЕОДГОВОРНО Горан Трајковски се однесува со потрошените пари од Буџетот на Општина Делчево за проектирање на фонтаната во центарот на Делчево
“
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатено до јавноста.

Инаку изградбата на фонтаната според Договорот за јавна набавка изнесува повеќе од 3 милиони денари кои што беа реализирани во услови на општа криза во државата. Ваквата голема сума исплатена за оваа фонтана според повеќе граѓани е неоправдана имајки ги во предвид состојбите со недостиг на вода за пиење и многу други пиоприоритетни проекти кои што би можеле да се реализираат наместо во ваков период истата да се гради.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција