БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Утринска “магија” на сливот на водите од новата фонтана “Бесконечност” во реката Брегалница во центарот на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За Делчево- некогашното Царево Село постојат многу митови, легенди, преданија кои што го изразуваат богатиот раскошен дух на народното творештво низ историјата. Постојат се уште живи луѓе кои што растеле со кажувањата на нивните дедовци за славата на Поп Стојан, за итроштините на Гоце Делчев, за згодите и незгодите во Монте Карло- позната боемска кафеана во повоена Македонија, како и сведоци за маратонските дебатни изданија во кафеаната кај Цинцо….

Едно такво современо предание кое што може да биде белег на нашето време е спојувањето на водите од новата фонтана изградена од страна на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски со водите на река Брегалница во центарот на Делчево. Особена магија и прекрасен пејсажен колорит се добива кога ваквото живописно потскокнување на водата од фонтаната и нејзино слевање во река Брегалница, буди кај граѓаните во раните утрински часови на изгрејсонце кога сончевите зраци под совршен агол се прекршуваат на малиот водотек кој што се формира од излевање на водите од три милионската фонтана. За легендата на нашето време да добие на општонародно внимание и силина на изразот истата може да се поврзе со недостигот на вода во неколку населби и населени места низ општината додека овде прекрасните сончеви зраци на изгрејсонцето се капат во ладната вода од фонтаната која се влева во “бистрите” води на река Брегалница.

ДНО-ДНА!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата состојба со своја реакција во јавноста се обратија и од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево преку социјалните мрежи каде што на видео приказ е уловен “магичниот” момент вреден за воспевање на ниво на легенда.

Изградбата на оваа фонтана насловена како “Бесконечност” е реализирано со пари од Буџетот на Општина Делчево како и со донации а по проект на Претседателот на Советот на Општина Делчево и неговата проектантска фирма.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace