БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Професор Љубомир Цуцуловски: Цело е кога има сешто

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Господинот Жбогар – презимето не му го римувам – како амбасадор на ЕУ во Република Македонија, во духот на најприземната демагогија, изјави дека со влегувањето во ЕУ јазикот на Конески (кој ли му е сега тоа јазик?) ќе станел еден од официјалните јазици во Унијата. Единствено не кажа:

1) Кога мисли дека Македонија ќе стане членка на оваа (веќе) не многу реномирана организација. Или, можеби, битно е да се додворува, за да успее претстојниот Референдум. Потоа, што биде нека биде.
2) Зошто за време на неговото амбасадорувње речиси не проговори на својот убав мајчин јазик (белки не се срами од него), туку цело време се обраќа на англиски (патем, Кралството Британија е на заминување од ЕУ) и пригодно, само по некои поводи, прозборе на некој, единствено нему познат македонски јазик.
3) Не кажа, исто така, дали официјален јазик во Словенија, или во Македонија, е англискиот, ниту кажа дали за овој негов манир кон сопствениот јазик знаат словенечките граѓани, кои во Унијата не издвојуваат средства за да може овој светски господин да се срами од сопствениот словенечки јазик. Замислете си хрватски амбасадор во Словенија, кој не проговорува ниту на хрватски, ниту на словенечки, туку на свахили јазик, во рамките на банту јазиците

Сепак, се согласувам, има секакви луѓе. Има луѓе и како господинот Жбогар. И нека ги има, бидејќи цело е кога има сè и сешто и уште понешто – колку да не биде без ич.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace