Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ целата Општина Кочани. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на вработените од одделението за градско зеленило со поддршка на Општина Кочани, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници во градот и населените места.
Косењето на тревната вегетација претходните денови се одвиваше во речното корито во Оризари. Ваквите активности дополнети со уредувањето на парковското зеленило се предвидени да продолжат и во наредните денови во населбата Оризари.
Целата на ваквите акции е да се уредат зелените тревни површини согласно стандардите, а воедно и да се оневозможи постоење на простор со обрасната трева и вегетација која би била погодно место за престој на влекачи и глодари кои се потенцијална опасност за месното население кое гравитира околу овие зелени површини.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани