Посветеноста на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во функција на решавање на проблемите на своите сограѓани покрена цело едно граѓанско движење и активизам на самите граѓани за меѓусебна соработка.
Приоритизацијата на проектите во постојана комуникација со граѓаните во сите населени места, брз одговор на секое барање на граѓаните, како и фокус на обезбедување на поблагопријатни услови за живот ја чини општина Штип лидер во региониот во обезбедување на високо ниво на демократија. Секако покрај општината Штип на оваа скала на високо ниво на демократија и доминантно граѓански модел за одлучување се наоѓаат и општина Македонска Каменица, општина Виница, Карбинци, Лозово, Кочани, Свети Николе… кои што по превземањето на локалната власт од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ започнаа целосно нов препород на вистинска локална власт во функција на самите граѓани.
Денеска градоначалникот на општина Штип Јорданов заедно со негови соработници, како и луѓе од комуналните претпријатија заедно со граѓаните организираа масовна акција за чистење на повеќе јавни површини пред се за нивно расчистување од комуналниот смет, но и за пример и со порака за поголема еколошка свест за сите граѓани на општината за нејзино облагородување и одржување на чиста животна средина.
“Со урбаните заедници, продолжуваме со еколошки акции во населените места.
Викендов сме во најголемата и најнаселената населба Сењак во Општина Штип, каде масовно излеговме и со поддршка на јавните претпријатија ги чистевме ударните површини.
Апелирам до сите граѓани да ни се приклучуваат на овие активности и одговорно да се однесуваат кон животната средина, затоа што само заедно можеме да обезбедиме почист град за нашите деца!”
-соопшти градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина