БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Светот може да биде спасен! Со убавина, музика, уметност.. Излезе новиот хит сингл на новото време на Greta Van Fleet

Пренеси го гласот

По долго очекување излезе новиот хит сингл на можеби најдобриот рок бенд на денешнината Greta Van Fleet.

Meeting the master (Средби со господарот) е новиот сингл кој што е најава за новиот албум Starcatcher (Ловец на ѕвезди) кој што е најавен за светска премиера на 21.07.2023 година.

Е сега за музиката на новиот сингл: “Meeting the master” звучи повеќе од епски! Во основа станува збор за препознатлив ран ренесансен естетски звук кој во својот наратив ја содржи паралелната филозофија на животот настрана од сите проблеми во светот. Оваа песна која му претходи на новиот албум на Greta Van Fleet сама за себе е гламурозно интро за еден нов поглед на светот необременет со сите негативни аспекти на човечката општественост. Оваа песна е парче хартија напишано со звук на еден патник кој го носи со себе духот на еден совршен свет низ премрежјата на инертноста на човечката немоќ и заблуди во овоземскиот свет. Мал допир од божествените височини кој што вдахнува нова живост, нов идентитет на хуманизам, на убавина, на инает дека светот може да биде прекрасно место за живеење.

Мелодиската линија на песната е повеќе од совршена. Гитарите се отсвирени како од рајскиот оркестар со ангели а вокалот го има тој духовен вознес за да биде оквалификуван како Божја промисла.

Стоицизмот не е опција за бенд како што е Greta Van Fleet. Овој вонвременски рок состав има сила да се бори против сиот шунд, сите клишеа, целата затапеност на светскиот меинстрим… Овие четворица артисти имаат капацитет да го променат светот на подобро што веројатно претставува закана за нив самите со оглед на бројноста и жестината на непријателот од другата страна на барикадата. Но убавината, музиката и уметноста можат и ќе го спасат светот.

Креирано од:


Пренеси го гласот