БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Протест против масовната дискриминација во Македонија од страна на владеачката гарнитура

Пренеси го гласот

Денеска по повод 8-ми Март Денот на жената Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше протестен марш во градот под Исарот против општата дискриминација која што е присутна во сите пори на државата. Актуелните власти понесени од потребата за моќ и политичко влијание вршат масовна партизација на државата и институциите кои што се во голема мера благонаклонети на следбеници на партиите на власт. Од друга страна сите неистомисленици со власта се цел на дискриминација поради своите идеолошки и политички убедувања со што се создава јаз на поделеност и нерамноправност на граѓаните во Македонија.

“Денеска во организација на Унијата на жени сме во Штип да го одбележиме денот на жената 8ми март, на мајката, на сестрата на колешката, на пријателката итн. Со овој протестен марш практично протестираме за сите оние жени кои што се дискриминирани, но и воопшто за луѓето кои што се дискриминирани во Македонија, бидејќи тешко се живее, повеќе од половина милион луѓе кои живеат со помалку од 150 денари на ден, рафтовите на продавниците се празни, инфлацијата е голема, стандардот е се понизок, и луѓето практично ден за ден едвај крај со крај врзуваат.

Тешко се живее со оваа криминална и корумпирана влада, нормално администрирана со Ковачевски.

Така што мислам дека ова е одличен момент да покажеме дека сме посилни од сите предрасуди и дека само обединети и заедно без вештачки наметнати поделби од владата можеме да ги поразиме сите предрасуди и обединети на крај да победиме.

А јас сум убеден и во жената, но убеден сум и во народот на Македониј дека заеднички ќе победи и заеднички ќе ги совлада сите предизвици“

-соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што беше на чело на денешниот протестен марш во организацијана Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ..

Креирано од:


Пренеси го гласот