Од навивачката група Комити-Скопје објавија соопштение во кое повикуваат на протестен марш со едно единствено барање “Правда за Саздо”.
Понеделник 16.07. 2018, плоштадот во Автокоманда, во 19.30 часот започнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо. Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.
Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.
Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.
ПРАВДА ЗА САЗДО !!!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи