Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска во јавноста пренесе една особено интересна и убава вест за првачињата кои што од 1 септември ќе тргнат во училишните клупи во потрага по знаење.
“Општина Штип втора година по ред во соработка со бизнис секторот обезбеди училишен прибор за лесен почеток на секое прваче во нашиот град.
Stip city mall обезбеди ранче за секое прваче, компанијата ЕАМ како и секоја година обезбедува маички за сите првачиња, додека пак компанијата Давка обезбеди прибор за новите ученици.
На овој начин ќе овозможиме секое детенце од прво одделение со радост да ја почне оваа нова учебна година”
-напиша градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис