“Каква дрскост на Оливер Спасовски пред споменикот на хероите од Диво Насеље!
Еден од предводниците на насилните шарени протести пред владата само неколку дена пред Диво Насеље, денес зборува дека нашите специјалци се бореле жртвувајќи ги своите животи во “вооружениот терористички напад” во Диво Насеље. Тогаш, истиот овој Спасовски со неговиот тогашен шеф се сликаа со двоглави орли со поддржувачите на овие што сега ги нарекува терористи.
Тогаш клеветеа дека Диво Насеље не е борба со терористи, туку наместена политичка пресметка од ВМРО-ДПМНЕ за спас на владата.
Со своите насилни шарени протести, Оливер и бандата тогаш ги намалија капацитетите на МВР и специјалните единици да се справуваат со терористите, затоа што ги напаѓаа со камени плочки и шипки пред владата.”
Не е далеку 2015, “кандидату за претседателе”, сите памтиме многу добро!”
-фејсбук реакција на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030