Првиот заменик-претседател на Владата на Република Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“.
За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите во кои живеат студентите, при што се разговараше за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување.
Од страна на Владата беше истакната посветеноста за унапредување на студентскиот стандард и создавање достоинствени услови за младите. Во таа насока, планирана е инвестиција, во соработка со Министерството за образование и наука, за реконструкција на сите студентски домови во државата, вклучително и студентскиот дом „Пелагонија“.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта