Преку сатиричен перформанс денеска членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Пробиштип упатија своевидна критика за популизмот и празната пропаганда што СДСМ од позиција на власт ги реализира со цел да се додвори на граѓаните на секој можен начинн во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори.
Членови на подмладокот на најголемата опозициона партија се маскираа во ликовите на нивните политички противници и носители на јавни функции, при што на сатиричен начин пуштија во употреба патен правец во должина од 200 метри на релацијата Пробиштип-Крупиште.
Во продолжение интегрално го пренесуваме нивносто соопштение до јавноста о врска со овој настан:
“Денеска свечено е пуштен новиот патен правец Пробиштип-Крупиште со должина од 200 метри, на свечената церемонија присуствуваа претставници од владата во заминување Зоран Заев и Оливер Спасовски исто така и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов.
После долга и напорна работа од две години екипите кои секојдневно беа на терен како што изјави Зоки Заев денеска гледаме дека успеаа да постигнат резултати и се асфлатирани скоро веке 200 метри асфалт.
#НаПравПад
#ЧаоЗоки
#ЌеСиЛежите ⏳
Никогаш повеќе ваква власт! “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево