БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Членови на Управен Одбор во Здравниот дом во Свети Николе именувани од СДСМ, сами на себе си го пакачиле паушалот?

Пренеси го гласот

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе ја алармираат јавноста за (како што соопштиваат) ” интересни работи во Здравстениот дом Свети Николе и подрачната единица на Фондот за здравство ” во овој град.

Членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги прашуваат членовите на Управниот одбор во Здравниот дом во Свети Николе, дали непосредно пред распишување на изборите сами на себе си го покачиле својот паушал за 50%?

За овој случај како и за останати неправилности во работењето на властите предводени од кадри на СДСМ во Свети Николе , зборуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе чие што соопштение до јавноста го пренесуваме во целост:

“Во предизборниот период се случуваат “интересни” работи во Здравстениот дом Свети Николе и подрачната единица на Фондот за здравство во нашиот град.

Непосредно пред распуштањето на Парламентот односно пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во здравствениот дом Свети Николе членовите на управниот одбор си го покачиле својот паушал за 50%.

Дали е точно дека на предлог на Директорот на здравствениот дом непосредно пред распуштањето на Собранието на Република Македонија членовите на управниот одбор- инаку истурени партиски активисти на СДСМ сами на себе си го покачиле паушалот за 50 % ???
Која иронија почитувани сограѓани.

Скоро во исто време Раководителот на Фондот за здравство во Свети Николе ги разрешува поранешните членови на првостепената и второстепена лекарска комисија и на нивно место предлага нови “подобни”членови во истите.
Ја прашуваме Раководителката на Фондот за здравствено осигурување од Св.Николе дали знаела дека предложила лице,Лекар кое во тој момент немала свој печат односно штембил заверен од Министерството за здравство на Република Македонија?
Дали со таквиот предлог се прекршуваат законските одредби???

За вакво ли непартиско здравство и администрација се залагаше СДСМ?!?

ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА ДОАЃА на
13.04.2020 година.”

Креирано од:


Пренеси го гласот