Претседателот на Руската федерација Владимир Путин и Претседателот на Украина Володомир Зеленски вчера се сретнаа за првпат во обид за да стават крај на војната во источна Украина..
Битката очи во очи очигледно е со нерамноправна положба во корист на поранешниот оперативен агент на КГБ и господар на превенирање и сузбивање на глобални закани од интриги од една страна, наспроти поранешниот комичар од друга странакому му недостига претходно политичко искуство.
Претседателот на Русија Путин кој што е на сила безмалку 20 години и Претседателот на Украина кој што е на оваа функција шест месеци и со ограничена количина на воени и економски ресурси како свои адути во ракавот, се среќаваат за првпат во обид да ја окончаат пет ипол годишната војна во источниот дел од Украина.
Како прилог на нерамномерното соочување во Париз на средбата присуствуваат Ангела Меркел и Претседателот на Франција Емануел Макрон, кој што во последниот период од неколку изминати месеци превезде на себе советодавна улога во пристапот кон Русија.
Зеленски е во надеж дека ќе стави крај на конфликтот во источниот дел на Украина со домородните сепаратисти кои што имаат очигледна поддршка од Русија, без поддршката која што Украина ја имаше до неодамна од стратешко-оперативните сили на САД.
Со тоа пред почетокот на преговорите на средбата се небалансиран распоред на силите на масата, провејуваше мислењето на светските аналитичари дека Путин нема да отстапи ни чекор од своите интереси во заштитата на рускиот народ кој што живее во источна Украина.
Но по завршувањето на средбата во изјавите на двата претседатели можела да се види сликата на изедначеност и баланс на постигнатите заклучоци во самите разговори
Зеленски соопштил дека на средбата со Путин бил постигнат договор за размена на сите затвореници до крајот на оваа година и за целоскна примена на прекинот на огнот кој што беше договорен во 2015 година но кој што беше повеќе пати прекршуван од страна на двете страни.
Посакувам да имаше нешто повеќе,
-изјавил Зеленски на заедничката прес конференција со Путин доцна синоќа во Париз, на која што присуствувале и Меркел и Макрон.
Тој додал дека од витално значење е Украаинската војска да воспостави контрола на границата на Украина со Русија, делница која сега ја контролираат сепаратистичките сили на Донбас.
На истата прес конференција Путин нагласил дека односите со Украина кои беа во длабока криза од превратот во државата во 2014 година кога од власт беше соборен про-рускиот претседател Виктор Јануковиќ, сега биле повторно воспоставени. Но исто така нагласи дека треба многу да се направи за да се постигне стабилен договор.
Тој нагласи дека долгорочните цели на Русија се во насока да се постигне специјален статус во рамки на Украина на регионите каде што се зборува Рускиот јазик, кои што се под контрола на про-руските бунтовници.
Мировниот договор од 2015 година во себе содржи одредби со кои што Украина треба да го промени својот Устав и закони со цел да се дефинира ваквиот специјален статус на овие региони, но како и повеќе други одредби од тој договор , украинската страна тоа не го направила.
Претседателот на Франција Емануел Макрон изразил надеж дека со тоа што самитот го прекинал тригодишниот молк во однос на разговорите на највисоко ниво помеѓу двете земји, конечно ќе се започне видлив напредок кон прекинот на војната во која што животот го загубија над 13 илјади борци и цивили.
Не најдовме магично марамче или сребрен куршум, но го реафирмиравме мировниот процес,
-изјавил тој на самата прес конференција,
што претставува позитивен чекор напред,
-соопштил како заклучок.
Четворицата лидери се согласиле да се сретнат повторно за четири месеци.
Пред средбата Зеленски бил обвинуван од украинските националисти дека капитулирал пред Русија.
Ограничените политички аргументи дополнително беа ограничени од страна на отсуството на поддршка од страна на САД, кое што беше предизвикано од страна на администрацијата на Доналд Трамп, со што евидентна била разликата во распоредот на воената моќ на терен во корист на про-руските сепаратистички сили во источните региони во Украина, за кои што Путин никогаш не соопшти дека се руски војници туку дека се само Руси кои што се на одмор во Украина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи