Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

На 61 годишна возраст почина пеачката на Роксет Мари Фредриксон

Пренеси го гласот

Како што потврди менаџерот на пеачката Мари Фредриксон починала вчера (во понеделник на 09.12.2019 година) на возраст од 61 година.

Шведската поп ѕвезда постигна вртоглав успех во 90-тите години од минатиот век со хитовите Joyride, The Look и It Must Have Been Love, од филмот “Убава жена” (Pretty Woman). Во изјава било соопштено дека починала на 9-ти Декември по 17-годишната долга борба со ракот.

“Беше најпрекрасниот пријател повеќе од 40 години”

-соопшти нејзиниот партнер од бендот Роксет, Per Gessle  кој додаде:

“Нештата нема да бидат исти повторно”.

Кај пеачката бил дијагностициран тумор во 2002 година, откако колабрирала во нејзината кујна после тренинг. Туморот и го одзел видот во нејзиното десно око, но после три годишниот третман на болеста, таа се вратила во јавниот живот и реализираше повеќе турнеи со Роксет во периодот од 2008 до 2016 година.

Но потоа ракот повторно се повратил.

“Ти благодарам Мари, ти благодарам за се. Ти беше натпросечен музичар, господар на гласот, вистински изведувач. Ти благодарам што ги обои моите црно-бели песни во најубавите бои што постојат. Беше најпрекрасниот пријател повеќе од 40 години”

-е целата изјава на Per Gessle од дуото Роксет кој ја придружуваше Мари на магичните изведби во живо како и во целата нивна музичка кариера во тек на 40 децении.

Дуото Роксет потекнува од Халмштад, Шведска. Во почетокот на 70-тите години од минатиот век се сретнале Пер и Мари откако Мари била веќе дел од поп бендот Strul & Ma Mas Barn а Пер свирел со Gyllene Tider една од тогаш најголемите музички групи во Шведска.

Кариерата им започнала во 1986 година кога станале препознатливи како дуо во родната земја со синглот Neverending Love, по кој што следел хит- албумот, Pearls of Passion.

И покрај нивната огромна популарност во скандинавските земји, издавачката куќа Капитол рекордс одбила да го издаде нивниот албум во САД.

Случајно студент на размена од САД кој што присуствувал во Шведска го купил нивниот албум а по враќањето дома го убедил локалниот ДЏ на локалната радио станица да пушти нивна песна во програмата по што стигнале до интернационална слава.

Роксет својот најголем успех го постигнале во 1987 година со нивниот божиќен сингл  It Must Have Been Love, кој што бил реиздаден во прилог на филмот “Убава жена” во 1990 година и постигнал број 1 на топ листите на над 10-тина земји а во Британија стигнал до третото место таа година.

Со смртта на Мари Фредериксон многу генерации загубија своја поп икона, која ги испеала нивните најубави хитови од младоста.

Креирано од:


Пренеси го гласот