Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов одржа работен состанок со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и со директорот на ЕВН КЕЦ – Кочани Стојан Марков, на кој се разговараше за олеснителните можности за приклучок и исплата на електричната енергија на локации во Кочани каде што е констатирано неопходно подобрување на квалитетот на услугите за користење електрична енергија, особено во однос на стабилноста, квалитетот и сигурноста во дистрибуцијата.
Претставниците на ЕВН – Кочани информираа за моменталната состојба и фазата на реализација на планот за развој на електричниот дистрибуциски систем за КЕЦ Кочани, согласно развојниот план за периодот 2021 – 2025.
Во присуство на членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов и на претседателот на УЗ 4 Бејсим Шакиров се презентираа предлози за изнаоѓање решенија за подобрување на електричното напојување на краткорочен и долгорочен план на неколку улици во Кочани.Работниот состанок е во рамките на постапувањето на Општина Кочани по донесена одлука од Советот за финансиска поддршка на семејствата во социјален ризик во Старата касарана.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈЗУ “Гоце Делчев” Делчево со значајни инвестиции од Владата, претендира да биде регионален здравствен центар за повеќе општини во иднина
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста
40 годишник од Кочани физички нападнал малолетни роднини во нивниот дом