Традиционално на крајот и на оваа година членовите и активистите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ја реализираат својот новогодишен хепенинг за одбележување на крајот на оваа 2024 година.
Годинава настанот се организира под мотото “Биди и ти нечиј Дедо Мраз” со обезбедување на новогодишни пакетчиња за најмладите кои што најмногу им се радуваат на новогодишните празнувања.
“Празниците се период од годината, во кој сакаме да шириме радост, насмевки, семејни моменти и да ја споделиме среќата со другите.
Препознај ја оваа наша идеја…
Приклучи се, волонтирај и донирај…
Биди причина за нечија детска насмевка.
Биди и ти нечиј Дедо Мраз…
Наскоро, очекувајте го нашиот новогодишен хепенинг!”
-стои во објавата на социјалните мрежи на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко